673
ВМРО-ДПМНЕ вечерва слави и во Прилеп, бидејќи нивниот кандидат Борче Јовчески победи уште во првиот круг со разлика од 6 000 гласа пред кандидатот на СДСМ, Горан Сугарески.
-Сакам да им се заблагодарам на сите прилепчани кои се одлучија за промени, за нова иднина, не само на градот, туку и на државата. Затоа имам една порака, од утре почнуваме чесно и домаќински да ги реализираме проектите кои ги имаме во нашата програма и ветувам дека од збор до збор ќе го оствариме тоа што е зацртано во следните 4 години, рече Јовчески.