Пораз на Македонија, Фернандеш фатален за нашиот тим (2-0)

by Fokus

Селекцијата на Македонија запиша пораз против Португалија (2-0) на гостински терен и со тоа заврши сонот за евентуален пласман на СП 2022 во Катар.

Фатален за македонската репрезентација беше Бруно Фернандеш со два погодоци, кои се покажаа како доволни за Португалија рутинирано да го затвори натпреварот.

Најпрвин во 32-та минута, Фернандеш за првпат на овој меч се запиша на листата на стрелците и со тој резултат се замина на пауза.

Во второто полувреме, Македонија ја продолжи својата храбра игра, а новите фудбалери кои влегоа од нашиот тим не успеаја да направат поголема промена на теренот. Во 65-та минута, повторно грешка на нашата селекција и брза контра на Португалците која со погодок ја круниса повторно Фернандеш.

Португалија се пласираше на СП 2022 во Катар, а ние остануваме да се бориме во иднина и и дадовме до знак на Европа дека македонската репрезентација расте со текот на годините и допрва ќе следат нови успеси.

Фото – ФФМ

Поврзани новости