754
Нов бран од врнежи од дожд ќе почне утревечер од северозапад и ќе трае и во среда преку денот, најави Управата за хидрометеоролошки работи.
– На планините овие врнежи ќе бидат од снег, а понекаде на северозападот повремен снег ќе има и на повисоките места. Во среда и во четврток ќе дува засилен северозападен ветер, соопшти УХМР.
Од четврток ќе биде стабилно со утрински температури кои на повеќето места ќе бидат негативни. Дневните температури ќе бидат во постепен пораст.