Пораст на пријави за семејно насилство – 92% од сторителите се мажи, жртви најчесто се жени

by Fokus

Во 2022 година се бележи пораст за 61% на пријавите за семејно насилство во споредба со 2018 година. 92% од сторителите се мажи, а 80% од жртвите најчесто се жени, заклучиле од Државниот завод за ревизија (ДЗР) по анализа на податоци од Министерството за внатрешни работи.

Од ДЗР информираат дека во 2022 година регистриран е 61 случај на семејно насилство на 100.000 жители, што е пораст во однос на 2018, кога имало 53 случаи.

„Особено изненадувачки е тоа што втората најголема група на сторители се синовите, со 16%“, се вели во соопштението на ДЗР.

Во 2019 година само 24% од сите пријавени случаи на семејно насилство завршиле на суд. Сторителите биле казнети само во 15% од нив, додека само во 3% била изречена казна затвор.

„До 2022 година процентот на сторители на семејно насилство на коишто им била доделена казна затвор се намалил на само 1%“, пишува во соопштението.

Оттаму укажуваат дека јавната доверба во судскиот систем се преполовила за период од две години, односно во 2020 година изнесувала 48%, а во 2022 година само 24% се изјасниле дека веруваат во судскиот систем.

Поврзани новости