Пораст од 60 отсто на бројот на инциденти предизвикани од говор на омраза во 2016, во споредба со 2015, односно 44 случаи во 2015 наспроти 70 случаи во 2016, покажа годишниот извештај на Хелсиншкиот комитет.
Од тие случаи забележан е најголем пораст (320%) во бројот на случаи чии мотиви се политичка определба или убедување.
Во 2016 година се забележани инциденти со расна мотивација па така 33% од жртвите на овие злосторствата на насилство имале статус на бегалец или мигрант. Во извештајот како илустрација се наведува нападот врз тројцата државјани од Мороко во близина на Демир Хисар на 6 јануари оваа година
Во 2015 и 2016 година немало регистриран случај на злосторство на омраза поради сексуална ориентација или родов идентитет, но Парламентот сѐ уште ги нема вклучено овие карактеристики како основа за можна дискриминација и злосторства на омраза, се наведува во извештајот на Хелсиншкиот комитет.
Во 2016 Хелсиншкиот комитет регистрира нов пораст на вакви инциденти со етничка позадина. Забележани се помеѓу членови на македонската и албанската етничка заедница по неколкугодишен значителен пад на истите.