Поранешниот уставен судија Ивановски: Јустиција ја закопавме длабоко во земјата!

by Fokus

Поранешниот уставен судија, Трендафил Ивановски, во вечерашното гостување на „Топ Тема“ говореше за последните случувања, со кои поранешната јавна обвинителка Катица Јанева доби домашен притвор.

Ивановски не е задоволен од таквата ситуација, додавајќи дека системот не функционира добро.

„Состојбата е загрижувачка. Во сето ова, доказ е дека нашиот политички и судски систем, кои требаше да се борат за правна држава, токму тие доведоа да се руши владеење на правото. Јустиција ја закопавме длабоко во земјата. Ваквата состојба во Македонија трае 15 години најмалку. Тој систем наместо да оди напред, оди само назад. Во тој систем се пронаоѓаат различни афери и тоа е доказ дека не ги бива работите“, истакна Ивановски.

Поврзани новости