829
Поранешниот прв човек на Формула 1, 91-годишниот Берни Еклстон, е уапсен во средата вечер во Бразил поради нелегално поседување оружје додека се качувал во приватен авион на лет за Швајцарија, соопшти денеска бразилската полиција.
Во багажот на Еклстон полицијата пронашла пиштол за кој долгогодишниот шеф на Формула 1 не поседувал документи.
Еклстон и признал на полицијата дека поседува пиштол, но додал оти не знаел дека оружјето се наоѓа во неговиот багаж.
Локалните медиуми јавија дека Еклстон е пуштен на слобода, откако платил кауција.
Еклстон престојуваше неколку недели во Бразил при имаше состанок и со трикратниот светски првак во Ф1 Нелсон Пике.