Поранешниот претседател на Врховниот суд, Дане Илиев смета дека Владата не смее да го продава Мерцедецот, бидејќи е дел од предмет на сторечно кривично за кој се води истрага, објави порталот Фактор.
-Мерцедесот би требало со судската одлука привремено да биде одземен до крајот на завршување на постапката, а потоа Судот треба да одлучи што понатаму со возилото, дали ќе го довери на некој Орган или ќе го продава и итн. Продавањето на автомобилот визави истиот предмет не е допуштено. До правосилноста на пресудата Мерцедесот кое дел до истрага на СЈО е во надлежност на Судот и не може да се оттуѓува. Се чудам како никој во Владата не знае дека не може да се продава предмет (Мерцедесот) кој е дел истрага, вели поранешениот претседател на Врховниот суд, Дане Илиев.
Директорот на службата за општи и заеднички работи при Владата на Република, Пеце Мирчески денеска соопшти дека во Владата донеле одлука за продажба на патничко моторно возило Mercedes-benz S 600, сопственост на Службата.