Поранешниот претседател на тетовскиот суд, Ханиф Зендели избран за заменик претседател на Судскиот совет

by fokus

Поранешниот претседател на тетовскиот суд во два мандати и член на Судскиот совет од 2020 година, Ханиф Зендели денеска со девет гласа за и еден против е избран за заменик претседател на ова тело.

– Сигурно дека ќе се трудам максимално да дадам придонес да ги подобриме сите состојби. Јас мислам дека бев дел од тоа дека сакав и сакам работите да одат така како што личи на една највисока институција во државата, тоа е судски совет, изјави Зендели.

Другите членови на Советот посакаа успешна работа на новиот заменик претседател.

Претходно, Судскиот совет ги констатираше оставките на  судиите, Мирјана Радевска Стефкова и Зоран Герасимовски, кои како причини за оставките ги наведоа незаконското разрешување на екс претседателката, Весна Дамева и нарушените човечки односи.

 

 

Поврзани новости