Рускиот претседател Владимир Путин во своето интервју со поранешниот водител на Фокс њуз, Такер Карлсон, изјави дека Русија всушност има право на Украина повикувајќи се на историските граници, иако Украина е независна земја, што поранешниот претседател на Монголија го исмеја во објава на Х.
Како одговор на тврдењата на Пурин, дојде најавата на поранешниот претседател и премиер на Монголија, Кахијагин Елбегдорј, кој на социјалната мрежа Х објави мапа на која се прикажани територијалните односи на двете држави во историјата.
„По интервјуто на Путин, ја најдов оваа историска карта. Не грижете се, ние сме слободна и мирна нација“, се вели во објавата.
Имено, поранешниот претседател, кој ја водеше Монголија во периодот од 2009 до 2017 година, сподели мапа на која е прикажана поранешната Монголска империја, која во историјата контролирала делови од денешна Русија.
After Putin’s talk. I found Mongolian historic map. Don’t worry. We are a peaceful and free nation🌏 pic.twitter.com/w5c2Hr0cQK
— Mongol Tsakhia ELBEGDORJ (@elbegdorj) February 11, 2024
Коментарите под објавата беа дека ова е „твитот што го освои интернетот“ и дека „сите треба да ја проучуваме историјата поради ова.
„Знам дека Путин не трпи слобода, седев со него во неколку наврати. Тој ги презира разликите и конкуренцијата. Се плаши од слободна Украина. Нарцисоиден е, не може да си дозволи да има успешни и просперитетни соседи”, рекол поранешниот претседател.
Мапите што ги сподели покажаа и колку мала била Русија во 15 век.
Монголската империја некогаш била најголема во светот. Нејзината територија покривала поголем дел од Евроазија и ја опфаќала модерна Кина и поголемиот дел од Русија, како и Украина.