Пакистанските безбедносни сили го уапсија поранешниот премиер Имран Кан во Вишиот суд во Исламабад, потврдија неговите помошници. Медиумската куќа „Гео ТВ“ тврди дека Кан е уапсен поради неговата наводна вмешаност во случај на корупција.
Овој потегж може да предизвика немири во земјата која поседува нуклеарно оружје.
Според видеото објавено од партијата на Кан Техрик-е-Инсаф (ПТИ), голем број полицајци го уапсиле Кан и набрзина го оддалечиле со полициско комбе.
Фавад Чаудри, соработник на поранешниот премиер, рече дека безбедносните сили ги нападнале просториите на судот.
Случајот за корупција е еден од над стоте случаи регистрирани против Кан откако тој беше сменет на парламентарното гласање во лани. Неговиот мандат траеше четири години.
Во повеќето постапки, Кан се соочува со забрана за вршење јавна функција доколку биде осуден.
Тоа би било голема пречка за поранешниот играч на крикет, кој стана политичар, на општите избори кои треба да се одржат во ноември.