Поранешниот папа Бенедикт XVI во вторникот побарал прочка од жртвите на сексуално злоставување во Католичката црква, но ги отфрлил обвиненијата дека бил вмешан во прикривањето на вистината.
Пензионираниот папа одговорил на независниот извештај објавен на 20-ти јануари во кој се опишуваат децении од наводно злоставување и пропусти во минхенската бискупија која Џозеф Ратцингер ја водел од 1977-ма до 1982-ра година. Во своето писмо Бенедикт ги признава “прекршоците и грешките кои се случиле за време на неговиот мандат” и изразува “искрено барање на прочка од сите жртви на сексуално злоставување”.
Во извештајот се наведуваат обвиненијата против него за пропусти во четири случаи. Експертите од адвокатската канцеларија “Westpfahl Spilker Wastl” сметаат дека Ратцингер свештениците кои ги злоставувале деца ги преместувал на други подрачја во времето додека бил надбискуп во Минхен и Фресинг.
Тие обвиненија адвокатите на Ратцингер категорично ги одбиле во проверката на факти која исто така била објавена во вторникот. „Експертскиот извештај не содржи докази кои би поткрепиле било какво обвинение за пропусти или помош во прикривањето“, се наведува. „Како надбускуп, кардиналот Ратцингер не бил вмешан во никакви прикривање на злоставувањата“, се додава.