399
Поранешниот папа Бенедикт е во „стабилна” состојба, соопшти денеска Ватикан, поради континуираната загриженост за здравјето на 95-годишниот поранешен поглавар на Католичката црква.
– Бенедикт имаше мирна ноќ и во четвртокот попладне учествуваше на миса што се одржа во неговата соба, изјави портпаролот на Ватикан, Матео Бруни.
– Во моментов неговата состојба е стабилна, додаде тој, пренесува Радио Слободна Европа