0
Поранешниот хрватски министер за здравство, Вили Берош, осомничен во скандалот со набавката на медицинска опрема денеска, нешто пред 18 часот беше пуштен од истражниот затвор бидејќи се се земени изјави од сите сведоци и тој ќе се брани од слобода.
Во Жупанискиот суд во Загреб претходно беше потврдено дека Ускок ги известил дека се сослушани сите сведоци поврзани со Берош и дека судијата на истрагата напишал решение со кое Берош е ослободен и во понатамошниот тек на истрагата тој ќе се брани од слобода.
Тој пред новинарите рече дека е невин и дека тоа ќе го докаже на суд.
„Не се лутам на никого, им благодарам на институциите што си ја завршија работата. Тоа е мојата порака“, изјави Берош.