Поранешниот градоначалник на Рим осуден на шест години затвор

by fokus

Џани Алемано, кој беше градоначалник на Рим од 2008 до 2013 година, осуден е на шест години затвор за корупција во рамки на аферата „Капитал на мафијата“, каде членови на мафијата влегле во администрацијата на италијанскиот главен град.

– Јас сум невин, секогаш го кажував тоа и ќе го повторам во Апелациониот суд, а ние ќе поднесеме жалба штом го прочитаме образложението на пресудата” на првостепениот суд, изјави Алемано пред новинарите.

Судењето е поврзано со аферата „Мафиа капитале”, која ја потресе италијанската јавност во 2015 година. Истрагата открила голема мрежа на криминалци, претприемачи и политичари, во која имало 46 лица, и која се проширила на римската градска власт.

Водач на мрежата беше Масимо Карминати, поранешен десничарски активист, кој веќе беше осуден за членство во криминална организација во главниот град во 1980-тите.

Алемано е обвинет дека примил 125.000 евра од Салваторе Бузи, десната рака на Карминати: 75.000 за предизборни митинзи, 40.000 за Фондацијата „Нова Италија” и 10.000 евра во готовина преку посредник, а како противуслуга, меѓу другото, требал да даде предност при назначувањето лице блиско до Бузи на водечко место во јавна компанија.

Поврзани новости