370
Нова кривична пријава заработи поранешниот градоначалник на Ново Село, Блажо Вечков, кого полицијата го товари дека се „послужил“ со службениот автомобил и по истекувањето на мандатот.
Според СВР Струмица иако немал ингеренции тој на 18 ти март си изготвил патен налог и следниот ден со сопругата заминале за Скопје по приватни потреби.
-Иако знаел дека му поминалмандатот како градоначалник, истиот ден кога му е врачено уверението на новиот градоначалник, одвбил да изврши примопредавање на моторното возило сопственот на општината и изготвил налог за патување со службено возило и заминал за Скопје за приватни потреби, изјави Хризантема Рендевска од СВР Струмица