Поранешниот градоначалник на Демир Капија, Трајче Димитриев почина од Ковид-19

by Fokus

Како последица на вирусот Ковид-19, почина поранешниот градоначалник на Демир Капија, Трајче Димитриев, кој во два наврата по два мандата раководеше со демиркаписката општина. Димитриев беше на 63 годишна возраст. Оваа информација за МИА ја потврдија негови блиски и Петар Мојсов, поранешен претседател на демиркапискиот Совет на општина.

Блиски на поранешниот градоначалник појаснија дека Димитриев бил во болница во Кавадарци една недела, пoтоа бил префрлен во Скопје. Таму бил подобар, но нагло му се влошила состојбата па починал.

-Зошто најдраг пријателе, зошто не напушти прерано, а се уште сонуваше да создаваш за Демир Капија? Твоите дела за твојата драга Демир Капија останаа за век и векови, ти замина во вечноста, а сепак ја остави вечноста меѓу сите нас. Ми беше чест што те имав за пријател и ти бев прв соработник. Почивај во мир, шефе, напиша Мојсов на својот фејсбук-профил.

Поврзани новости