Бразилскиот фудбалер Дани Алвеш е обвинет за силување на девојка и се соочува со долга затворска казна.
Имено, шпанското обвинителство бара од судот да му изрече казна до девет години на овој играч за тешкиот прекршок што го направил.
За потсетување, на Алвеш сè уште му се суди за обвинувањата дека силувал девојка на 30 декември 2022 година, а подоцна бил уапсен откако самоиницијативно се предал.
Се се случило во ноќен клуб во Барселона. Девојката потоа го пријавила искусниот фудбалер, кој се обидел да демантира се, нагласувајќи дека се се случило за обострано задоволство.
Се наведува дека покрај деветгодишната затворска казна, судот бара од Алвеш да и плати 150.000 евра на оштетениот, а потоа тој да биде под надзор 10 години.
The public prosecutor in Barcelona has requested a prison sentence of nine years for Dani Alves, as well as damages of €150k. (MD) pic.twitter.com/n4lCFrfMKu
— Football España (@footballespana_) November 23, 2023