373
Некогашниот премиер на Данска, Андерс Фог Расмусен, преку својот Твитер налог порача дека Македонија го надминал еден од посериозните проблеми – спорот со името, поради подобра иднина и членство во ЕУ и НАТО.
„Северна Македонија го надмина она што изгледаше како непремостлива пречка во менувањето на нејзиното име. Тоа го стори поради изгледите за подобра иднина во ЕУ и НАТО. Земјите-членки на ЕУ не можат да ја негираат Македонија за иднината што ја бара. Да го направат тоа би било грешка“, истакна Расмусен.