Поранешниот британски премиер Дејвид Камерон назначен за министер за надворешни работи

by Fokus

Поранешниот британски премиер Дејвид Камерон е новиот министер за надворешни работи на Велика Британија, штотуку објави Даунинг стрит.

Изненадното назначување на поранешниот премиер доаѓа откако Суела Браверман беше отпуштена од функцијата министер за внатрешни работи, а Џејмс Клеверли беше избран да ја замени, оставајќи ја отворена главната работа во Форин Офисот.

„Кралот со задоволство го одобри назначувањето на почесниот Дејвид Камерон за државен секретар за надворешни работи, прашања на Комонвелтот и развој“, се вели во соопштението на Даунинг стрит.

Поврзани новости