768
Поранешниот градоначалник на Битола, Владимир Талевски почна со отслужувањето на затворската казна во затворот во Прилеп. Талевски од вчера е спроведен Во КПД во Прилеп, потврди за МИА директорот на прилепскиот затвор Александар Дамески.
-Осуденикот е спроведен во затворот и почна со издржувањето на казната. Го очекуваме комплетирањето на целосната документација. Во затворската казна се пресметува и времето поминато во куќен притвор, рече Дамески.
Талевски е осуден на осум години затворска казна во случајот „Транспортер“. Затворската казна му е изречена поради злоупотреба на службената положба во врска со организирањето превоз на учениците во Битола