Поранешниот американски претседател Бил Клинтон во вторникот бил примен во болница во Калифорнија под сомнение за крвна инфекција, јави синоќа Си-Ен -Ен.
Си -Ен -Ен јави дека Клинтон (75) била сместен на Одделот за интензивна нега заради сомнение за инфекција на крвта.
Неговата состојба не е поврзана со неговите претходни проблеми со срцето или Ковид-19, додаде Си-Ен-Ен.
Претставници на Медицинскиот центар на Универзитетот во Калифорнија се надеваат дека поранешниот американски претседател наскоро ќе биде отпуштен од болницата, откако беше хоспитализиран поради труење со крв.
-Бројот на бели крвни клетки се намалува, добро реагира на антибиотици.Се надеваме дека наскоро ќе успееме да го пуштиме на домашно лекувањe, изјави портпаролката на Клинтон, Ангел Уренија на Твитер.
Лекарите забележаа дека биле во постојан контакт со тимот лекари на Клинтон во Њујорк, особено со неговиот кардиолог, бидејќи политичарот претходно беше опериран од срце.
Си-Ен-Ен дознава дека проблемот кај Клинтон настанал откако се заразил со инфекција на уринарниот тракт, што потоа влегла во циркулаторниот систем, но за среќа инфекцијата била рано откриена, благодарение на што добро реагирал на третманот.