Поранешниот амбасадор Буџаку: Македонија еден ден ќе стане дел од ЕУ!

by fokus

Поранешниот амбасадор Агрон Буџаку смета дека и покрај блокадата од францускиот претседател Емануел Макрон за датум за преговори, Македонија еден ден ќе стане дел од европското семејство.

„Франција како земја е една од шесте основачи на ЕУ и се движечки мотор со Германија. Макрон е менлива категорија како претседател и не верувам дека ќе успее да обезбеди втор мандат во Франција. Геостратешки ние припаѓаме на ЕУ и без разлика на моменталните односи и видувања, перспективата ни е во ЕУ и еден ден Македонија ќе стане полноправна членка“, истакна Буџаку.

Поврзани новости