Поранешни судии и универзитетски професори – дел од работната група за уставни измени

by Fokus

Министерството за правда денеска соопшти дека во работната група за уставни измени ќе учествуваат:

– Сали Мурати – поранешен претседател на Уставен суд

– Маргарита Цаца Николовска – поранешен судија во Европскиот суд за човекови права во Стразбур

– Бајрам Положани – поранешен уставен судија и професор по уставно право

– Бранко Наумовски – поранешен претседател на Уставен суд

– Јетон Шасивари – професор на Универзитетот на ЈИЕ

– Ана Чупеска – професор на на Правен факултет „Јустинијан Први”

– Елена Михајлова Стратилати – професор на Правен факултет „Јустинијан Први”

– Беса Арифи – професор на Универзитетот на ЈИЕ

– Јагода Митревска – професор на Меѓународен Славјански Универзитет

– Марија Пандевска – професор на Институт за национална историја

Од Правда информираа дека „списокот на работната група ќе се дополнува во наредниот период и со други членови кои ќе дадат свој придонес во подготовката на уставните измени“.

Работното тело е формирано од Министерството за правда, кое, пак, е задолжено од Владата да ја подготви предлог иницијативата за потребата од уставни измени.

Владата е предлагач на уставните измени. Откако ќе се подготват измените, предлогот ќе ги помине сите работни тела во рамките на Собранието.

Паралелно ќе се одржуваат и стручни јавни расправи на кои експерти, партии, граѓански организации и други институции ќе може да ги кажат своите ставови, се вели во соопштението од Министерство за правда.

Поврзани новости