Раководството на кинеската Комунистичка партија (ККП) денеска одлучи да ги исклучи од партијата поранешните министри за одбрана Веи Фенге и Ли Шангфу поради сомневање за мито и корупција.
Фенге и Шангфу, кои претходно служеа и како членови на Централната воена комисија (ЦВК) и државни советници, беа дисквалификувани како делегати на 20. Национален конгрес на ККП, беше објавено на состанокот на Политичкото биро на Централниот комитет на партијата, пренесува China Daily.
Според резултатите од истрагата, двајцата функционери сериозно ја нарушиле политичката и организациската дисциплина, помагајќи им на другите да добијат бенефиции во кадровските аранжмани, а за возврат добивале пари и подароци.
Тие ја искористија својата позиција за да бараат бенефиции за други, добивајќи огромни суми пари и скапоцености, се вели во извештајот.
И Партиското политичко биро одлучи да го префрли предметот на Фенге и Шангфу на обвинителството и кривиќно да ги гони.
ЦВК претходно донесе одлука да ги избрка Фенгеј и Шангфу од воена служба и да им го одземе чинот генерал.