Ксенија (Вучиќ) Јанковиќ, која во соседна Србија на ТВ Пинк ја водеше авторската емисија „Правец“, го интервјуираше побегнатиот екс премиер Никола Груевски, во интервјуто кое синоќа се емитуваше.
Освен што е доста активна на Твитер и со години наназад е дел од уредништвото на Пинк ТВ, Ксенија е позната во соседството и како првата сопруга на претседателот Александар Вучиќ.
Од бракот тие имаат две деца, синот Данило и ќерката Милица. Како што пренесуваат српските медиуми, информациите за приватниот живот на Вучиќ се доста ограничени. Познато е дека со Ксенија се развеле во 2011 година, а таа го задржала неговото презиме.
Во неговата официјална биографија е наведено дека стапиле во брак во 1997 година, а две години по разводот со Ксенија тој стапил во брак со Тамара Ѓукановиќ. Со неа го има синот Вукан. Случајно или не, токму првата сопруга на Вучиќ го водеше интервјуто со Груевски.
Вики Клинчарова