Поранешната премиерка на Шкотска Старџен се врати во Парламентот по апсењето

by Fokus

Поранешната шкотска премиерка Никола Старџен се врати во шкотскиот парламент за прв пат откако беше уапсена како дел од истрагата за злоупотреба на финансии, објави Би-Би-Си.

Поранешната премиерка беше ослободена без обвинение, откако минатата недела беше испрашувана од полицијата во Шкотска повеќе од седум часа.

Таа изјави дека е:  „апсолутно сигурна дека не направила ништо лошо“.

Таа, исто така, посочи дека нема да поднесе оставка од Шкотската национална партија (СНП).

Старџен, која поднесе оставка и како лидер на партијата и како премерка во март, рече дека партијата била нејзиниот живот и дека секогаш ќе дејствува во нејзин најдобар интерес.

„Се вратив во парламентот и продолжувам со мојата работа претставувајќи ги моите гласачи“, рече Таа.

Старџен рече дека  не може многу да  каже за полициската истрага, и додаде:

„Го почитувам и го разбирам процесот што е во тек, но апсолутно сум сигурна дека не сум направил ништо лошо“.

Прашана дали треба да се повлече од СНП, таа рече дека секогаш ќе размислува што е најдобро за партијата.

Поранешната премиерка изјави дека истрагата не го размрдала нејзиното верување дека случајот за независност на Шкотска станува секој ден посилен.

Нејзината наследничка, Хумза Јусаф, беше под притисок од опозициските партии и некои членови на СНП да ја суспендира Старџен додека трае полициската истрага.

Поврзани новости