Поранешната компанија на Анџелина Џоли го тужи Бред Пит за 250 милиони долари за наводнa кражба на нивниот бизнис со вино.
Тужбата била поднесена денеска од компанијата „Нувел ЛЛС“, а доаѓа откако Бред Пит ја тужеше Џоли, тврдејќи дека таа незаконски го продала својот удел во Шато Миравал, француски замок и бренд за вино.
Џоли ги имала своите акции во винската компанија преку својата компанија „Нувел“, но минатата година ги продала на гигантот за пијалоци „Столи“.
Во тужбата, компанијата тврди дека Пит се обидел „тајно да ги префрли средствата“ од нивното заедничко вложување и работење на своите пријатели и други компании, дека потрошил „милиони на проекти“, вклучително и милион долари за базен.
Поранешната компанија на Анџелина Џоли тврди дека наводната шема на Пит значела дека таа „никогаш нема да види ниту цент“ од „десетици милиони долари профит“ на Шато Миравал.
Во тужбата се наведува дека „откако неговата поранешна сопруга Анџелина Џоли поднела барање за развод од него во 2016 година, Бред Пит води одмаздничка војна против неа“.