Управата за финансиска полиција до Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција, поднесе Посебен извештај со констататација за постоење основано сомнение за сторено кривично дело „Оштетување и неовластено навлегување во компјутерски систем “, односно дека поранешна раководителка од Одделението за финансии и сметководство во Фудбалската федерација на Македонија неовластено влегувала во компјутерскиот систем на Федерацијата и менувала податоци. Целта била да ги прикрие кривичните дела за кои се сомничела.
-Лицето О.М., откако била отстранета од работното место во Фудбалската федерација на Македонија, во периодот од 13.10.2019 до 28.10.2019 година во повеќе наврати неовластено пристапувала до програмата за сметководствената евиденција на Фудбалска федерација на Македонија преку апликацијата TeamViewer од нејзинот персонален компјутер надвор од просториите на ФФМ и истата вршела измени – прекнижување, докнижување и бришење ставки во сметководствената евиденција на ФФМ, со цел да ги прикрие трагите од сторените кривични дела кои и се ставаат на товар, сите опишани во кривичната пријава веќе поднесена од страна на Управата за финансиска полиција до Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција, наведува Управата за финансиска полиција.