Поранешна подружница на Газпром продолжува да работи во Германија

by Fokus

Германскиот регулатор на енергетската мрежа денеска соопшти дека ќе обезбеди ликвидност на „Газпром Германија“, поранешна филијала на рускиот „Газпром“, со цел да продолжи со работа, нагласувајќи ја нејзината важна улога во снабдувањето на Германија и Европа со гас.

„Газпром“ пред една недела објави дека се повлекува од сопственичката структура на „Газпром Германија“ и друг имот во Германија, а претходно оваа недела германското Министерство за економија ѝ додели управител на компанијата, мрежен регулатор, за да обезбеди снабдување со гас.

Министерството „дозна“ дека новиот сопственик на „Газпром Германија“, преку индиректна аквизиција, стана АД Палмари и Газпром Бизнис Експорт Сервис ДОО, кој планира да ја затвори.

Бидејќи „Газпром Германија“ управува со клучната инфраструктура, а купувачот не е од ЕУ, аквизицијата мора да биде одобрена од германската Влада, соопшти Министерството, додавајќи дека тоа не е одобрено и дека сите последователни правни чекори се ништовни.

Бизнисот на „Газпром Германија“ се засноваше на гас произведен во Русија и вклучува снабдување на трговци на големо и мало, складирање и транспорт на гасоводи.

Германскиот регулатор денеска во писмо испратено до банките, деловните партнери, дистрибутерите и клиентите соопшти дека ќе обезбеди ликвидност на „Газпром Германија“ за да може да набавува и да го плаќа гасот.

Потегот од 4 април, компанијата да се стави под државна контрола, е направен поради планираното купување на компанијата од страна на две компании надвор од ЕУ, значи дека регулаторот може да ги смени извршните директори, да вработи персонал и директно да управува и да ги заштити финансиските одливи.

Поврзани новости