359
Претседателот Путин е во „апсолутен шок“ по упадот на украинските сили во Курск, изјави поранешен руски премиер и критичар на Путин за BBC News. Михаил Касјанов вели дека ова е „сериозен психолошки удар“ за Путин.
Касјанов беше премиер на Русија меѓу 2000 и 2004 година, додека Путин беше претседател, а сега ја води опозициската партија Народна слобода од Латвија. Путин би можел да одговори „со бомбардирање на некој украински град или некој друг потег, што може да биде многу болно за Украинците“, вели Касјанов.
Да потсетиме, пред девет дена украинските сили го нападнаа рускиот регион Курск преку границата. Тие освоија повеќе од 500 квадратни километри територија и десетици места, вклучувајќи го и важниот логистички и енергетски центар Сужа.