Поранешен премиер и вицепремиер се под истрага за криминалот во Лотарија, потврди Тошковски

by Fokus

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски потврди дека под истрага се поранешен премиер, вицепремиер, генерален секретар, директор на правно лице и четворица државни службеници за криминалот во Лотарија на Македонија.

Тој не ги кажа имињата, но неофицијално се работи за екс вицепремиерот Артан Груби и експремиерот Димитар Ковачевски. Се проверува и работењето на екс премиерот Димитар Ковачевски и неговото влијание во случајот.

Од утрото полицијата врши претреси на повеќе локации поради сомнеж за сторен организиран криминал во Лотарија. Претрес е извршен и во домот на поранешниот прв вицепремиер Артан Груби, но како што е познато тој не е пронајден. Тошковски денес соопшти дека тој не е достапен и го повика ако е „чист како солза“, да се врати во земјата и да дозволи на институциите да ја истражат аферата. Тој му гарантираше и правда и лична безбедност и порача дека би сакал да верува дека е невин како што изјавува.

„10 минути пред да пристигне полицијата тој добил информација и побегнал. Тоа е катастрофално и за тоа мора некој да одговара“ рече Тошковски.

Недостапен е и екс директорот на Лотарија, Прпарим Бајрами за кој постои сомнеж дека пред неколку месеци избегал во Косово.

При извршените претреси, пронајдена е поголема сума на пари, а Тошковски потврди дека се најдени 40.000 евра кај еден од обвинетите, а 20.000 евра кај друг.

Поврзани новости