Поранешен грчки министер почина од корона вирус

by Fokus

Поранешниот грчки министер од ПАСОК и поранешен пратеник од истата партија, а подоцна и од Движење на промена, Димитрис Кремастинос, по 44 дена, утрово ја загуби битката со новиот корона вирус и почина на 78 годишна возраст.

По професија кардиолог, Кремастинос беше личен лекар на основачот на ПАСОК, Андреас Папандреу, но и министер за здравство и социјално осигурување во неговата влада во периодот од октомври 1993 година до јануари 1996 година.

Беше пратеник во грчкиот Парламент 14 години, прво од редовите на ПАСОК, а потоа и од Движење на промена, додека пак од октомври 2015 до јули 2019 година беше во еден од потпретседателите на Парламентот.

На 26 март годинава 78-годишниот Кремастинос, беше примен во една од атинските болници на Одделот за интензивна нега откако беше констатирано дека е заразен со Ковид-19.

Поврзани новости