558
Порака против Договорот од Преспа, на грчки и англиски јазик, преку две паноа закачени на Акропол, испратија членовите на Комунистичката партија на Грција, јави дописничката на МИА од Атина.
„НЕ“ за договорот на Ципрас- Заев, за плановите на САД-НАТО-ЕУ, за иредентизам и национализам. „ДА“ за пријателство – солидарност и заедничка борба на народите“, пишува на паното што рано утринава осамна на Акропол, закачено од членови на Комунистичката партија и на подмладокот.
Воедно, тие ги повикуваат граѓаните да учествуваат во анти-империјалистичките протести во Атина, Солун и Лариса, закажани за попладнево.
Фотографиите ги објави информативниот портал „902“, што важи за гласник на партијата.