550
Армијата на Република Македонија со поддршка се вклучи во тестирањето на граѓаните од коронавирусот, информира денеска Министерството за здравство.
-Тим од техничкиот персонал од Воено-медицинскиот центар почна на терен, во асистенција на екипите од Центарот за јавно здравје (ЦЈЗ), да им помага при земање брисеви за тестирање од вирусот Kовид-19. Со оваа поддршка од страна на Армијата, значително ќе се зајакне капацитет, но и ќе им се олесни работата на екипите од ЦЈЗ. Тимот од Воено -медицинскиот центар се вклучува поради зголемениот број на заразни лица, велат од министерството.
МЗ апелира до граѓаните да ги почитуваат мерките за заштита, да соработуваат со епидемиолозите и да даваат и точни информации во епидемиолошките анкети.