500
Повеќе од 130.000 луѓе во Австралија се во изолација поради една вработена во реално шоу заразена со корона вирусот.
Вработената, за која се наведува дека била целосно имунизирана, сепак се заразила со коронавирусот и прекршила голем број строги епидемиолошки мерки што важат во Австралија. Таа поради работа посетила многу места и градови.
Станува збор за 31-годишна жена, која во саботата полетала од Сиднеј за градот Бали, бидејќи за тоа добила дозвола од владата, пишува „Еј-Би-Си њуз“. Потоа, таа изминатиот викенд посетила голем број локации на северот на земјата, а за некои од нив немала дозвола за посета. Сето ова резултираше со скоро 135.000 луѓе кои вчера заминаа во седумдневна изолација.