Поради загадениот воздух: Да се ослободат трудниците и луѓето постари од 60 години од доаѓање на работа

by fokus

По енормното загадување на воздухот во Скопје, Владата го продолжи зимскиот распуст на децата низ цела Македонија.

Портпаролот на Владата на РМ, Миле Бошњаковски излезе со нови предлог-мерки, кои треба да ги направат приватниот и државниот сектор.

„Денеска и утре, сите државни и јавни институции од работни обврски мора да ги ослободат трудниците, луѓето постари од 60 години како и лицата со хронична астма, прележан миокарден инфаркт или мозочен удар, без разлика на возраста. Истото му се препорачува и на приватниот сектор. Ослободени од работа се и онколошко болните и оние со кардиоваскуларни и респираторни заболувата“, напиша Бошњаковски на својот профил на Твитер.

Поврзани новости