356
Поради технички зафати во мрежата, без електрична енергија на утре (19 декември) ќе останат следниве жители од неколку општини.
Во време од 08.00 – 09.30 часот без струја ќе бидат објектите на Шпедиција, бензинската пумпа Дет Оил, Корнер Бејкери ДООЛ и Интерфуд ДОО, во општина Гази Баба.
Од 08.30 – 09.30 часот дел од ул. Востаничка, од бр. 20 до бр. 24 (о. Кисела Вода) и ул. Славејко Арсов бр. 5, во општина Центар.
Од 08.30 – 11.00 часот без струја ќе биде ул. Петровец – краци лево и десно од регионалниот пат Р1102, општина Петровец.
Од 08.30 – 13.00 часот без електрична енергија дел од с. Долно Соње, ул. 6 кај мостот (општина Сопиште).
Од 09.00 – 15.00 часот во општина Карпош ќе бидат улиците Девол и од 11 до 14 часот дел од улицата Џумајска.