Поради технички проблем прекинато сведочењето на загрозениот сведок “С1”

by fokus

По десетина минути сведочење на загрозениот сведок “С1” во случајот “27 април” се направи прекин, како што дознаваме поради технички причини, односно поради некаков пропуст со опремата.

Како што неофицијално дознаваме се интервенирало навреме за да не се дојде во ситуација евентуално да се открие идентитетот на сведокот.

По паузата ќе продолжи сведочењето кое се одвива зад затворени врати, бидејќи судијката Добрила Кацарска, ја исклучи јавноста.

Сведокот се наоѓа во Кривичниот суд, но во друга просторија, а неговото сведочење се пренесува преку монитор, каде што на сведокот му е заматен ликот а гласот му е мутиран.

Поврзани новости