435
Комисијата за превенција од штетни ефекти од студени бранови при Министерството за здравство по добиената најава од Управата за хидрометеоролошки работи за студен бран од портокалова фаза на ниво на целата држава, за утре ги донесе следните препораки:
- Да се ослободат од работни обврски бремените жени и лицата над 60 годишна возраст.
- За работниците коишто работат на отворено се препорачува реорганизација на работното време од 10 до 16 часот, со повремени паузи на секои два часа по половина час во топла просторија и со топли напитоци, со цел заштита на нивното здравје.
- Во случај на настинка и потешкотии на дишењето, се препорачува граѓаните веднаш да се јават кај својот матичен лекар.
Комисијата при Министерството за здравство во континуитет ја следи состојбата низ целата држава и јавноста соодветно ќе биде информирана.