0
И денеска има забрана за сообраќај за тешки товарни возила на планинскиот превој Маврово. Забрана е воведена и на правецот кон Попова Шапка, соопшти АМСМ.
„Забрани за сообраќај за тешки товарни возила има на планинскиот превој Маврово. На патниот правец Тетово – П.Шапка е воведена забрана за тешки товарни возила во правец с.Лисец – П.Шапка, а за останатите возила задолжително користење зимска опрема ( ланци )“, велат од АМСМ.