428
Поради врнежите од снег и засилениот северен ветер од 20.15 часот од превентивни причини се воведе забрана за тешки товарни возила, информираат од Авто мото-сојузот на Македонија.
Забраната се однесува на патните правци крак-Маврово-Дебар и крак-Стража.
Од АМСМ додаваат дека интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен, а на граничните премини нема подолги задржувања за влез и излез од државата.