Поради руската инвазија Сосиете Женерал го продала бизнисот во Русија

by Fokus

Француската банка Сосиете Женерал денеска соопшти дека го продала својот бизнис во Русија поради руската инвазија врз соседна Украина.

– Сосиете Женерал ги прекинува банкарските и осигурителните активности во Русија и најавува потпишување купопродажен договор за продажба на целиот удел на групацијата во Росбанк и руските осигурителни подружници Интерос Капитал, претходен акционер на Росбанк, соопшти француската банка.

Договорот треба да биде финализиран во наредните недели и допрва треба да биде одобрен од регулаторите.

Продажбата ќе влијае врз капиталната основа на француската банка главно преку отпис на две милијарди евра од книговодствената вредност на руските компании и ќе ја намали нејзината стапка на адекватност на капиталот од 13,7 на 13,5 отсто, што значи дека ќе остане значително над пропишаниот минимум.

Влијанието на отписот ќе се ублажи со отстранување на 15,4 милијарди долари од рускиот платен биланс и префрлање на долгот на руските компании на купувачот.

 

Поврзани новости