Феј Луиз (39) со години имала тешки и болни менструации, па лекарите и препишале лекови за ублажување на болката. Но, кога болките во март годинава станале неподносливи и траеле една недела пред и една недела по менструалниот циклус, била испратена во болница на дополнителни испитувања.
Таа колабирала додека ги чекала резултатите, а итен преглед открил дека има циста долга дури 17 сантиметри, како и оток на слепото црево, поради што овој орган превентивно и бил отстранет.
Но, додека Феј била на операционата маса, лекарите откриле тумор на ѕидот на нејзиниот слепото црево. Анализите покажаа дека огромната циста на нејзиниот лев јајник, која беше првичната причина за одење на преглед, всушност била бенигна.
– Немаше ништо што би укажало дека имам рак – изјавила Феј, пренесува британски Сан.
Кога по операцијата дознала дека хирурзите откриле рак, нејзиниот свет се срушил.
– Мајка ми почина поради рак на дебелото црево пред две години, па мислев дека генетиката си ја заврши работата и за мене. Често имав напади на паника. Тоа беа најлошите денови во мојот живот. Ги гледав распоредот за погреби и му кажував на партнерот дека дефинитивно нема да го доживеам мојот 45-ти роденден – изјавила Феј.
За нејзина несреќа, туморот пред операцијата се проширил на околните органи. Во септември годинава Феј повторно заврши во болница.
– Консултантот ми ги покажа снимките и рече дека ракот се проширил околу внатрешните органи. Примав специјална хемотерапија, која се дава кога хирурзите не се во можност да ги отстранат канцерогените клетки преку операција – вели таа.
Во ноември и беа отстранети дури осум органи, вклучително и жолчното кесе, слезината, слепото црево, тенкото црево, јајниците, матката и дел од црниот дроб, како и дел од перитонеумот.
За среќа, операцијата била успешна и Феј конечно е ослободена од рак. Ја чека домашно опоравување шест месеци.
– Досега беше многу болно и многу тешко. Спијам многу и пијам таблети морфиум за ублажување на болката. Имам 65 конци и излегов од болница со 10 килограми помалку. Сега сум во рана менопауза, па ќе морам да земам хормонска терапија. Ќе морам да одам и на редовни снимки за да можат лекарите да се уверат дека ракот не се вратил – вели Феј.
После сето она што го преживеа, таа неизмерно го очекува претстојниот Божиќ. Вели дека ќе го цени секој момент од својот живот.
– Имав рак четири до пет години пред да биде откриен, бидејќи на почетокот беше без никакви симптоми. Тоа беше како да ја гледаш смртта во лице. Понекогаш не ми се верува дека сето ова започна поради една циста – вели Феј.
Поради сето она низ кое поминала, решила своето искуство да го сподели на социјалните мрежи. Таа сака да ја подигне свеста за многу редок вид на рак кој, за среќа, успеа да го преживее.
Псевдомиксон на перитонеумот, од кој боледуваше Феј, припаѓа на многу редок вид на рак кој најчесто започнува во слепото црево.
Понекогаш може да се појави во некои делови на дебелото црево, јајниците или мочниот меур. Се јавува кај еден до двајца на милион луѓе годишно.