103
Пред да се доделат „Оскарите“, годинава на Јутјуб се појави кратко видео во кое повеќе филмски продуценти и актери зборуваат за тоа кој филм или филмска сцена ги инспирирала да патуваат односно, да посетат некоја земја.
Познатата актерка Глен Клоуз во својот одговор го посочи филмот на Милчо Манчевски, „Пред дождот“, кој е снимен пред 30 години. Токму Македонија како дестинација таа би сакала да ја посети.
„Има филм, се вика `Пред дождот`. Снимен е во Македонија. Очигледно е многу стар и многу се има случено во таа земја. Никогаш не излезе од моите мисли“ – вели Клоуз во краткото видео.