Поради некомплетно барање Мијалков ќе остане во притвор уште некој ден

by fokus

Поради некомплетна докуменција во барањето притворот на осомничениот поранешен директор на УБК, Сашо Мијалков да се замени со куќен притвор, барањето е вратено на доуредување, соопштија вечерва од Кривичниот суд.

-Во однос на предлогот за укинување на мерка притвор и предлог за определување мерка куќен притвор со мерки за претпазливост во случајот од обвинителството означен како „Империја“, од страна на судија на претходна постапка е утврдено дека не е комплетен и е вратен на доуредување кај најдлежниот обвинител, а по добиен уреден предлог судот веднаш ќе донесе решение, објаснија од судот.

Поврзани новости