Поради настинка Бисера го откажа скопскиот концерт, ќе дојдела на пролет!

by Fokus

Откажан е концертот на Бисера Веленталиќ (82), која во придружба на Васил Хаџиманов Бенд требаше да настапи во Скопје во недела, на 17-ти ноември, во Македонска Филхармонија.

Како што известуваат од организацијата – Авалон Продукција, поради посериозна настинка таа не била во можност да настапи на концертот оваа недела, па преостанувало да го презакажат настанот за некои посончеви и потопли денови, на пролет.

Бисера е регионална дива на џез и шлагер сцената, а пак Васил Хаџиманов е нејзин внук, односно син на нејзината сестра Сенка и на Зафир Хаџиманов.

Нејзините песни одбележаа добар дел од југословенската музика, и заедно со сестра и Сенка важат за легенди на југословенскиот шлагер.

Вики Клинчарова

Поврзани новости