Поради нападот на фудбалскиот судија, на екс газдата на Ангарагучу му се закануваат 13 години затвор

by Fokus

Доколку биде прогласен за виновен за сите обвиненија против него, Фарук Коџа, до неодамна претседател на турскиот фудбалски лигаш Анкарагучу, би можел да добие казна затвор од 13 години.

Коча пред судот изрази жалење за нападот врз Халил Умут Мелер, судијата на првенствениот натпревар меѓу Анкарагучу и Ризеспор.

Да потсетиме, по истрчањето на теренот, во самиот финиш на натпреварот, тој го удри со тупаница во глава судијата, кој потоа падна на теренот и доживеа дополнителен физички напад од локалните хулигани кои исто така втрчаа на теренот.

Турскиот шампионат поради тој инцидент беше во прекин речиси две недели, а нападнатиот судија се здоби со умерени повреди на главата.

Во деновите по инцидентот, Коча изрази жалење за нападот, но и негираше дека му се заканувал на судијата Мелер со смрт, за што е и обвинет.

Коча веднаш бил приведен и испрашуван, но бил пуштен со кауција.

„Тоа беше првпат во мојот живот да се вклучам во физички конфликт, но дел од обвинението не е точно. Не му се заканив на судијата Мелер дека ќе го убијам. Претходно изразив жалење за мојот чин, а се уште изразувам жалење во суд“ – рече Коча, чие судење се очекува да продолжи на крајот на февруари.

Поврзани новости