Етлева Боди (31), жена по потекло од Албанија, починала откако нејзиниот 41-годишен сопруг Селами Боди ја задавил во нивната спална соба во Савона (Италија).
Според информациите со кои располага италијанската полиција, Етлева и нејзиниот сопруг ноќта меѓу петокот и саботата имале жестока расправија. Наводно, причина за кавгата била љубомора, пренесува Телеграф.
Имено, жената била во бањата и разговарала на телефон, а сопругот ја задавил откако го слушнал разговорот во кој таа го спомнала него. Потоа, кога сфатил дека повеќе не дише, се јавил на 911.
Медицинскиот персонал не успеал да ја оживее жената и покрај нивното брзо пристигнување на местото на настанот. Веднаш била пренесена во болница, каде била во кома речиси два дена пред да биде прогласена за мртва.
Човекот е уапсен и сега е во притвор во Џенова.
Трагедијата се случила додека нивните четири сина спиеле во собите. По апсењето на таткото и смртта на мајката, децата биле привремено сместени кај нивниот вујко.