Поради лажен ПЦР тест, жител на Кочани ќе мора да плати 2.000 евра

by Fokus

Против 46-годишен жител на Кочани Основното јавно обвинителство Скопје денеска поднесе предлог за издавање казнен налог, бидејќи сторил кривично дело „Фалсификување исправа“ односно лажна потврда за негативен ПЦР тест на коронавирус.

Јавно обвинителство на Република Македонија денеска соопшти дека на 14 март, на граничниот премин на Меѓународниот аеродром Скопје, обвинетиот се обидел да излезе од државава употребувајќи лажна потврда за негативен ПЦР тест на корона вирус.

– Иако не се тестирал и знаел дека не поседува сертификат од наведената лабораторија, тој лажната исправа ја употребил како вистинска, стои во соопштението.

Надлежниот јавен обвинител му предложил на Основниот кривичен суд Скопје за обвинетиот да изрече парична казна од 100 дневни глоби при што висината на една дневна глоба да биде определена на 20 евра во денарска противвредност.​

Поврзани новости